Напаѓачот на францускиот второлигаш Шамбли, Влатко Стојановски, најверојатно ќе има проблем да присуствува на собирот на фудбалската репрезентација на Македонија за првата сесија од квалификацискиот циклус за пласман на СП 2022.
Клубовите од двете најсилни француски лиги побарале од федерација да не даде дозвола за заминување на фудбалерите чии репрезентации не доаѓаат од земјите на ЕУ. Причина е одлуката на француските власти секој што доаѓа од земјите надвор од ЕУ да замине во задолжителен карантин поради пандемијата на коронавирусот.
Многу поопасно за селекторот Игор Ангеловски и репрезентацијата на Македонија ќе биде ако примерот на Франција го следат Италија и Шпанија.
Македонија на стартот на квалификациите за СП ќе игра против Романија (25. март), Лихтенштајн (28. март) и против Германија (31. март).
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













