Connect with us

ПСЖ го елиминира Лил од Купот на Франција (ВИДЕО)

Пари Сен Жермен го совлада Лил со 3-0 на „Паркот на принцовите“ и го елиминира од Купот на Франција. „Светците“ со Лил водат голема битка и за шампионската титула во францускиот шампионат.

Маури Икарди во деветтата минута го доведе ПСЖ во водство, а Килијан Мбапе пред крајот на првиот дел ја удвои предноста од пенал.

Јусуф Јазичи во 78.минута не искористи пенал за Лил, а потоа ПСЖ тоа го казни.

Во судиското продолжение Мбапе постигна и трет погодок за Пари Сен Жермен за убедлив триумф.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови