Connect with us

Артета сака да го задржи Одегард и следната сезона

Норвешкиот интернационалец Мартин Одегард веднаш блесна во дресот на Аресенал откако дојде од Реал Мадрид на позајмица. Тој досега одигра десет натпревари и импресионираше со играта, а на последните два меча беше и стрелец.


Менаџерот Микел Артета е задоволен од играта на Одегард и бара начин како да го задржи и следната сезона

.
„Мартин е одличен со топката, може да ја чува во континуитет. Умее да создаде шанса за соиграчите, но и влегува во шанси, покажа дека умее да постигнува и голови. Тој е комплетен играч за врска, и тоа одличен. Би сакал да го имам во Арсенал и следната сезона“,
изјави Микел Артета.


Според сегашниот договор, Одегард треба да се врати во Реал Мадрид по завршувањето на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови