
Челси има еден гол предност (0-1) против Атлетико Мадрид пред вечерашната реванш осминафинална пресметка на „Стемфорд бриџ“, но Томас Тухел има големи проблеми со тимот во кој нема да бидат дури четворица фудбалери. Тијаго Силва и Тами Абрахам се повредени, а Мејсон Маунт и Жоргињо се суспендирани за овој дуел.
Во нападот најверојатно шанса ќе добијат Тимо Вернер и Оливие Жиру, а шанса од клупата ќе чекаат Каи Хаверц и Хаким Зијеч.
Тухел го промени начинот на игра на Челси. Сега „сините“ од Лондон примаат многу малку голови, одбраната е поцврста, на 10 од 12 меча под негово водство мрежата не се тресеше.
„Тимот на Симеоне е еден од натешките ривали. Се карактеризира со упорност, работа и челична дисциплина, а против таквите секогаш е најтешко. Во нападот имаат голем квалитет, а во средниот ред можат долго да ја контролираат топката“, изјави Томас Тухел.
Диего Симеоне нема проблеми со составувањето на тимот на Атлетико Мадрид. Од првата минута е најавен Жоао Феликс кој ќе му прави друштво на Луис Суарез, а и Караско ќе биде меѓу стартерите.
Атлетико Мадрид секако не е без шанси. На последните шест дуели меѓу Челси и Атлетико, дури трипати славеле гостите. Традицијата вечерва ќе биде со шпанскиот тим.
Европскиот првак Баерн Минхен ја заврши работата против Лацио уште на првиот меч во Рим. Баварскиот тим славеше со 1-4 и безмалку е веќе пласиран во четвртфиналето. Останува фудбалерите на Ханси Флик само да го одработат рутински и вечерашниот меч. Но, германската машина секогаш бара нова победа. Така сигурно ќе биде и на вечерашната пресметка против „лацијалите“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Втора лига
Полициската истрага се шири и во Башкими?
