Италијанскиот калчолигаш Интер е се поблиску до освојување на шампионската титула во Серија А, а раководството на клубот и тренерот Антонио Конте полека размислуваат и за засилувањата што треба да дојдат на „Џузепе Меаца“ во летниот преоден рок. Конте повторно сака да пазари од Премиер – лигата, а една од неговите големи желби е Јури Тилеманс, играчот за врска на Лестер.
Белгискиот репрезентативец игра одлично во англискиот шампионат оваа сезона, на 39 натпревари во сите конкуренции за Лестер постигна седум гола и подели пет асистенции.
Тренерот Антонио Конте даде зелено светло за ангажман на Јури Тилеманс, а Интер е подготвен да плати 40 милиони евра. Белгиецот има договор со Лестер до 2023 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













