
Селекторот на фудбалската репрезентација на Словенија, Матјаж Кек, е најсериозниот кандидат за наследник на Зоран Мамиќ на клупата на хрватскиот куб Динамо Загреб. Зоран Мамиќ мораше да се повлече од тренерската функција откако Врховниот суд на Хрватска потврди правосилност на одлуката дека ќе мора да мине 4,5 години во затвор поради извлекување пари од клубот. Здравко Мамиќ ќе мора да одлежи 6,5 години, а Дамир Врбановиќ три години.
Сепак, тоа нема да го наруши егзистирањето на Динамо Загреб. За привремен тренер на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски е назначен Дамир Крзнар кој ќе го води тимот в четврток на „Максимир“ против Тотенхем во Лигата на Европа, а долгорочно решение за клупата треба да биде токму Матјаж Кек.
Тој беше тренер на Стефан Ристовски во периодот кога со Ријека ја освоија шампионската титула во хрватското првенство, а сега би можеле повторно да соработуваат и во Динамо Загреб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лео Меси ќе потпише нов договор со Интер Мајами
