Францускиот првак Пари Сен Жермен го продолжи договорот со левиот бек Хуан Бернат за четири сезони. Тој стави потпис за нова соработка до јуни 2025 година.
„Среќен сум што ќе продолжам да го носам дресот на Пари Сен Жермен. Ќе се трудам да дадам полн придонес во остварувањето на целите на клубот и во наредниот период“, изјави Хуан Бернат.
Шпанецот откако дојде во Париз во 2018 година, во дресот на ПСЖ одигра 76 натпревари освојувајќи две шампионски титули, како и три куп-трифеи. Бернат беше дел и од составот кој играше во финалето на Лигата на шампионите.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













