Полициските власти во Србија го привеле Милош Томиќ, доскорешниот директор на Царинската управа поради наводна поврзаност за шверц со нафта во државата. Според сознанијата на српските медиуми, на српските граници нелегално поминувале милиони литри нафта за што бил задолжен еден висок функционер кој потоа од 95.000 евра до 120.000 евра месечно носел во врвот на ланецот на власта.
Главен човек во оваа криминална организација се наведува дека е Славиша Кокеза, се уште актуелниот претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија. Тој наводно преку свој човек од ФСС, Жељко Поповиќ, учествувал во узворот на роба во Србија која никој не смеел да ја контролира. На овој начин, сега осомничените заработиле повеќе од 10 милиони евра.
„Кокеза и Поповиќ се поврзале преку фудбалот. ФСС е кровна организација на Фудбалскиот сојуз на Белград, каде Поповиќ е потпретседател, па тие почнале блиску да соработуваат“, пишува српски „Курир“.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski