Аргентинскиот интернационалец Пауло Дибала е на излезна врата од Јувентус. Оваа сезона тој одигра едвај 16 натпревари за „старата дама“, често се повредува, има скромен ефект од три гола и две асистенции. Раководството на клубот сериозно размислува за негова продажба, а има неколку заинтересирани клубови од Премиер – лигата.
Актуелниот првак Ливерпул, но и Челси и Тотенхем се заинтересирани за услугите на Дибала и би можеле да платат 55 милиони евра колку што ќе бара Јувентус за негова продажба во летниот преоден рок. Неговиот договор е со важност до јуни 2022 година, па „старата дама“ и ќе мора да го продаде ова лето ако сака да заработи на неговото заминување.
Во опција е и размена со Барселона за Антоан Гризман, а се чини дека Пари Сен Жермен веќе се откажа од намерата да го доведе Аргентинецот на „Паркот на принцовите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













