
Еден Азар е повторно повреден. Тоа веќе и не е вест, прашање е само колку ќе отсуствува. По најновата повреда, најверојатно ќе биде отсутен еден месец, а можеби и до почетокот на мај. Ова значи дека тренерот Зинедин Зидан нема да го има на располагање речиси до крајот на сезоната во Ла Лига.
„Не знам што се случува со Азар. Претходно, имаше само неколку повреди во кариерата, а откако дојде во Реал Мадрид постојано се повредува. Немам објаснување и сите ние сакаме да му помогнеме. Ги молам навивачите за разбирање и верувам дека ќе го видиме вистинскиот Азар“, изјави Зинедин Зидан.
Реал Мадрид вечерва го игра реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Аталанта. по првиот меч во Бергамо, „кралевите“ имаат предност од 0-1 со голот на Ферлан Менди.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal