
Имаше кобна грешка на првиот натпревар меѓу Академија Пандев и Работнички, но тоа само уште повеќе го мотивираше да биде подобар на наредните натпревари. На новиот дуел против „романтичарите“, голманот Марко Јовановски беше фантастичен. Одбрани се што доаѓаше кон неговиот гол, вклучувајќи го и пеналот на Никола Прелчец на истекот од првото полувреме.
Тоа беше можеби и клучниот момент на мечот со „романтичарите“. Јовановски го спречи Работнички резултатски да се врати во игра, а во вториот дел Академија Пандев постигна втор гол со кој го реши мечот во своја корист.
Марко Јовановски го заслужи епитетот МАКФУДБАЛ – ИГРАЧ на 23.коло во Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лука Модриќ потпишува за Милан
