Навивачката група Комити се огласи со новото соопштение околу ситуацијата во ФК Вардар. Најтрофејниот клуб е оставен на цедило, а раководните структури се пресметуваат и преку клубот. Комитите поставуваат ново прашање, каде е Вардар во приказните и стратегиите на „големците“ кои (сакаат да) го раководат „црвено-црниот“ колектив. Во соопштението се вели:
Што се случува зад кулисите на оваа херојска борба за спас на Вардар?
Па дали сте нормални што го фрлате Вардар на буниште додека си решавате ваши спорови? Нели ја имате барем и таа мала емоција и човечност во вас. Гледате ладнокрвно како тоне она што на многумина од нас ни е светост, национален идентитет, и нешто со што се поистоветува овој напатен народ, и не мрдате со прст да промените.
Толку ли е бедна таа гола борба за власт, што ја фокусирате сета ваша енергија, за обезбедување привилегии и бенефит што никој друг, освен вас самите нема да го види и почувствува?
Каде е Вардар во вашите приказни и стратегии?
Каде е народот, кој јасно кажа и покажа дека го сака Вардар и кој повика на Мобилизација за спас на само она мало што остана, свето и чисто, и во што веруваме сите ние?
Со што ја храните таа ваша ароганција и себичност? Со страдањето на обичниот народ кој сака да побегне од таа ваша политика, која креира само раздори, и поделби кај народот?
Обидете се малку да размислувате сестрано и опширно, а не само фокусирано во играње на дворските игри ! Во која држава ќе живееме сите ние доколку немаме симболи кои не подигаат како нација? Дали на оваа наша држава и е потребен Вардар?
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
АЕК Ларнака го шокираше Кристал Палас













