
Најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе се натпреварува во Првата фудбалска лига и во вториот дел од сезоната, а шеф на стручниот штаб ќе биде поранешниот селектор Никола Илиевски Џиџи. Тој по подолг период се враќа во клубот, во екстремно тежок, дури и критичен момент. Треба да му помагаат Бобан Грнчаров, Златко Таневски и Филип Ивановски.
Во тимот останаа само неколкумина фудбалери, па Никола Илиевски Џиџи ќе мора да се потпре на младинците поткрепени од оние кои останаа, голманот Филип Илиќ, Бојан Најденов, Филип Петковски, Дејан Блажевски, Мартин Мирчевски, Виктор Велкоски…и уште неколкумина.
Полека се создаваат услови и за исплата на дел од долговите, но се уште актуелниот спонзор Сергеј Самсоненко, не го исполни ветувањето да го врати долгот од околу 2,4 милиони евра.
Во првото пролетно коло Вардар го очекува „вечното дерби“ против Пелистер на арената „Тодор Проески“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Јувентус сака да го доведе Расмус Хојлунд

Женски фудбал
Фудбалерките до 16 години на развоен турнир во Албанија

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер

Евро-фудбал
Состави ЛШ: Барса и ПСЖ во тотална офанзива
