Јувентус и Барселона подготвуваат нова спектакуларна размена на ѕвезди, открива „Кориере дело спорт“. Откако минатото лето двата клуба направија размена меѓу Пјаниќ и Артур, сега одат чекор понатаму и преговараат за трансферите на Гризман и на Дибала.
Французинот Антоан Гризман не ги оправда очекувањата на „Камп Ноу“ откако дојде од Атлетико Мадрид, па Барселона сака да го продаде и да се ослободи од неговата висока плата.
Пауло Дибала влегува во последната година од договорот со Јувентус и италијанскиот клуб ќе мора да го продаде ова лето, а размената со Барселона е многу веројатна опција. Тоа значи дека Гризман би дошол во Торино како одлична опција во навалната линија на Андреа Пирло.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













