Реал Мадрид со многу мака успеа да оствари триумф (2-1) против аутсајдерот Елче на домашен терен. Карим Бензема ја спаси сезоната за „кралскиот клуб“ и го остави тимот во трка за шампионската титула. Доколку Реал не славеше против Елче, тоа ќе значеше и крај на сите надежи дека може да се стигне до шампионскиот трофеј.
Елче поведе со голот на Дани Калво кој во 61.минута со удар со глава го матираше Тибо Куртоа. Но, Карим Бензема не дозволи гостите да освојат бодови во Мадрид.
Французинот израмни на 1-1 во 73.минута со удар со глава, а во 91.минута со прекрасен удар од 15 метри донесе и триумф за „кралевите“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













