
Брегалница испушти два бода на домашен терен откако ремизираше (1-1) против Каменица Саса. За нивна среќа, и Тиквеш не успеа да слави против Слога Виница играјчи без голови.
Кристијан Ацковски во 21. минута ја доведе Брегалница во водство, но во финишот од мечот Благојче Иванов донесе бод за гостите.
Тиквеш имаше иницијатива, напаѓаше, но затаи реализацијата кај тимот на Пане Блажевски.
Фудбалерите на Осогово ја остварија најубедливата победа откако со 4-1 славеа против Росоман. Стојанче Велинов во 22. минута го отвори резултатот, на 2-0 зголеми Спасов, а потоа погодија и Неданоски и повторно Спасов. Росоман постоигна почесен гол преку Андреевски.
Кит-Го ремизираше 2-2 против Победа. Бошко Ступиќ спаси бод за домаќинот во финишот, откако Победа имаше водство до судиското продолжение со головите на Дарко Грозданоски и на Петар Најдов. Андонов во 61.минута намали, а Бошко Ступиќ се избори за реми.
Кожув со 2-1 победи против Плачковица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!

Евро-фудбал
Ханси Флик: Верувавме во победата до самиот крај
