Раководството на Евертон одлучи да најми телохранители за своите играчи, по оружениот инцидентот што деновиве се случи во семејниот дом на шведскиот голман во редовите на премиерлигашот од Ливерпул, Робин Олсен.
Како што објавија медиумите на Островот, на сите фудбалери на Евертон им е понудена лична заштита, а премиерлигашот, во меѓувреме, организирал и едукативен курс за играчите со совети како да се однесуваат во случај на близок контакт со вооружени криминалци.
На 10 март, непознати лица по кои сè уште трага полицијата, вооружени со ножеви упаднаа во домот на Олсен во време кога во семејната куќа биле и неговата сопруга и двете деца.
Англиските медиуми јавија дека од домот на Олсен биле украдени скапи часовници и накит, а фудбалерот и неговото семејство, за среќа, не биле повредени.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













