Легендарниот бугарски фудбалер Христо Стоичков, кој е поранешен истакнат фудбалер на Барселона, жестоко го критикуваше Антоан Гризман. Тој вели дека големото засилување на каталонскиот гигант се покажало како комплетно промашување.
„Секогаш кога Гризман е на теренот, Барселона игра со десет фудбалери. Ако сакаат нешто да направат долгорочно, мораат да го продадат Гризман. Тринкао и Братвајт мора да бидат во тимот. Што бара таму Гризман“, жестоки беа критиките на Стоичков.
Антоан Гризман оваа сезона постигна 12 гол, но игра неконстантно и е далеку од формата што ја прикажуваше во дресот на Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













