
Порто го елиминираше Јувентус во осминафиналето од Лигата на шампионите, но еден од вработените во клубот тоа го „прослави“ на вулгарен начин. Фернандо Саул, човекот кој работи како официјален спикер на натпреварите на Порто, го навредуваше Роналдо преку социјалните мрежи.
„Им се одмаздивме на италијанските лопови за поразот во Базел 1984 година (финалето на Купот на победниците на куповите). Се одмаздивме на свињата Роналдо за се што правеше на „Драгао“. Само чекав да ја видам Долорес и останатите членови на неговото семејство“, напиша спикерот на Порто на Инстаграм.
Саул е познат како репортер со жесток јазик. Пред четири години беше суспендиран на еден месец поради коментар во текот на натпреварот против Бенфика.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
