
Фудбалската репрезентација на Македонија првите два натпревари на Европското првенство ќе ги игра Националната арена во Букурешт, а доколку ситуацијата со коронавирусот во Романија се подобри, тогаш на трибините би можеле да се најдат и 25.000 гледачи. Тоа е двојно повеќе од сегашниот план и договор меѓу УЕФА и државата Романија, на трибините да биде дозволено присуство на 25% од капацитетот на стадионот.
„Имавме состанок со владата и договорено е натпреварите на ЕВРО 2021 во Букурешт да се играат пред 25% гледачи од капацитетот на Арената. Ако ситуацијата со коронавирусот се подоври во периодот што следи, тогаш би можела посетата да биде зголемена и до 50% од капацитетот на стадионот“, изјави Разван Бурлеану, претседателот на Фудбалската федерација на Романија.
Македонија на 13 јуни ќе игра против Австрија на Националната арена во Букурешт, а четири дена подоцна ќе се сретне и со Украина. Третиот натпревар од групната фаза на ЕВРО 2021, националниот тим ќе го игра против Холандија во Амстердам на 21 јуни.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
