
Ливерпул оствари и втора победа во двомечот против Лајпциг, славеше со 2-0 во Будимпешта и се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Ако на тимот на Јирген Клоп не му оди најдобро во Премиер – лигата, ова е барем надеж за спас на сезоната.
Мохамед Салах во 71.минута и Садио Мане три минути подоцна беа стрелци на головите за англискиот тим.
Барселона немаше сили за чудо во Париз. По убедливиот пораз на „Камп Ноу“, составот на Роналд Куман одигра 1-1 на гостувањето во Париз.
Килијан Мбапе во 31.минута од пенал го доведе ПСЖ во водство, но израмни Лионел Меси шест минути подоцна со феноменален шут од 30 метри. Кејлор Навас бранеше одлично и го спаси ПСЖ во првиот дел, а во 45.минута му одбрани и пенал на Меси. Сепак, францускиот тим заслужено оди во следната рунда.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Прва лига
Олаосебикан потпиша за Вардар
