
Работнички ја сопре Шкендија, a забрзаниот ритам во Првата лига денеска (14 часот) му носи дуел со уште еден тим кој се бори за самиот врв на табелата. „Романтичарите“ му гостуваат на Шкупи, а составот на Александар Влахо размислува за позитивен резултат и за освојување бодови. Тоа го најавува талентираниот играч за врска Лука Станковски, кој израсна во еден од носителите на играта на Работнички.
„Мислам дека заслуживме и повеќе од бод против Шкендија. Бевме агресивни, одигравме напаѓачки, Шкендија не беше подобра во ниеден сегмент од фудбалската игра. И тоа ни дава мотив дека можеме да одиграме така квалитетно, би сакал да биде и за нијанса подобро, и на натпреварот против Шкупи. Јасно е, ни недостига единствено реализацијата за да оствариме триумф и против најдобрите. Се надевам дека ќе дојдат и головите на пресметката со Шкупи“, вели Луика Станковски.
Сепак, Шкупи има свои сметки и сака, ако е можно, уште повеќе да ја намали негативата во однос на лидерот Шкендија. Напаѓачот Региналдо е мотивиран да го постигне првиот гол во дресот на Шкупи, но приоритет сепак му е тимскиот триумф.
„Би сакал да постигнам гол, тоа е целта на секој напаѓач, но, сепак, многу поважно е Шкупи да забележи нова победа. Од натпревар во натпревар се чувствувам се подобро, имав два месеци пауза без натпревари и полека влегувам во посакуваниот ритам. Живеам за голови и верувам дека тие набрзо ќе дојдат и во дресот на Шкупи“, изјави Региналдо.
Интересниот дуел ќе се одигра на комплексот на ФФМ, а ќе го суди Александар Ставрев.
.jpg)

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?

Интернационалци
Стефан Ристовски потпишува за Сараево

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по Бењамин Шешко
