Александар Васоски го освои првиот бод како тренер на Академија Пандев. Неговиот тим по поразот од Работнички на домашен терен (0-1), ремизираше без голови на тешкото гостувањето кај Шкупи.
Васоски вели дека овој бод против еден од фаворитите за титулата треба да биде потстрек за Академија Пандев во борбата за опстанок.
„Одигравме квалитетен натпревар, момците го дадоа максимумот, задоволен сум од изданието на тимот и од освоениот бод. Ова треба да биде потстрек да продолжиме напорно да работиме и да одиме на поволен резултат и на следните натпревари“, изјави Васоски.
Академија Пандев се наоѓа на 11. позиција на првенствената табела со 18 освоени бода, а в среда на домашен терен ја пречекува Македонија ЃП.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal













