Connect with us

Македонија ќе игра пријателски натпревар со Мексико!?

В.Д. претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини заедно со селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски одржаа состанок со амбасадорот на Република Мексико од Белград, Марко Антонио Гарсија Бланко и почесниот конзул на Мексико во Македонија, Енвер Малиќи во хотел „Парк“ во Скопје.

Како што истакна Сејдини по средбата активни се разговорите за договор за пријателски натпревар меѓу Македонија и Мексико…

„Амбасадорот Гарсија Бланко е голем поддржувач на фудбалот и нас ни е мило што добивме пријател кој е влијателен во еден сериозен и моќен фудбалски сојуз како мексиканскиот. Овој продуктивен состанок секако ќе биде од помош за отворање врата за соработка меѓу двете федерации на различни полиња. ФФМ како мала федерација секогаш е подготвена да ги слушне и користи искуствата на големите фудбалски сојузи, како мексиканскиот кој „произведува“ фудбалери од светски ранг, а нивната репрезентација речиси секогаш е дел од големите натпреварувања“ – изјави в.д. претседателот на ФФМ, притоа дополнувајќи:

„Мексико е една од атрактивните репрезентации и на состанокот секако стана збор за евентуален пријателски натпревар меѓу нашата најдобра селекција и Мексико, но исто така разговаравме и за можноста да го споделиме искуството во однос на работата со младите фудбалери и репрезентации“. 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови