Изминатиов викенд стартуваа пролетните возбудувања и во Третата лига – Југозапад. Натпреварите од продолжението на првенствата во останатите четири третолигашки конкуренции стартуваат престојниов викенд.
Во 14. коло од Третата лига – Југозапад, лидерот во шампионатот Охрид Лихнидос потврди дека веќе со голема извесност ќе го освои првото место на крајот од сезоната. Охриѓани, како што завршија доминантно со есенскиот дел, така и продолжија победувајќи против Велешта со убедливи 5-0. Стрелци на головите за Охрид беа Томче Речковски во 4. и во 80. минута, Никола Секулоски во 19. минута, Марко Арсенова во 67. минута и Наум Вељаноски во 70. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 14. КОЛО
ТАБЕЛА: ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД
И покрај тоа што се очекуваше изминатиов викенд да почнат пролетните натпревари во Третата лига – Исток, сепак поради незадоволство на клубовите стартот е одложен. Викендов кој следи ќе почне пролетната сезона и во Третата лига – Југ, Третата лига – Запад и Третата лига – Север.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими го направи изненадувањето на колото со убедливиот триумф од 3-0 против Шкендија. Иако...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Вилдан Салиу
Арсими е изненадувањето на 14.коло во Првата лига. Одигра блескав натпревар против шампионот Шкендија,...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Линекер: Хари Кејн е подобар играч од мене
Млади репрезентации
Таневски го објави списокот на Македонија до 20 години за мечот со Лихтенштајн













