На денешен ден пред точно пет години Македонија го загуби едно од најславните имиња во историјата на македонскиот фудбал, врвен спортист, беспрекорен спортски работник и пред се човек – Петар Милошевски.
Несреќно загина во сообраќајна несреќа на 13. март 2014 година оставајќи огромна празнина во срцата на сите искрени љубители на спортот, но од тогаш оставајќи и простор постојано да се сеќаваме на неговата беспрекорна кариера.
Петар Милошевски на 40 години го напушти овој свет, со последна функција како спортски директор во Фудбалската федерација на Македонија, но зад себе остави и 59 настапи во националниот дрес.
Кариерата ја започна во Пелистер, во родниот град Битола, каде што беше активен од 1994 до 1997, по што реализираше трансфер во Вардар. Само една сезона беше доволно и за Европа да го види неговиот нескриен квалитет, па следи преселба во редовите на Трабзонспор од Турција.
За Трабзон одигра 60 натпревари и по две сезони премина во составот на Малатијаспор. Три години и 62 натпревари на голот на турскиот тим, за да од 2004 година се пресели во Ачабат Себатспор, а потоа во редовите на Енозис во Кипар каде остана седум сезони со 131 официјален настап.
Во 2012 година става точка на активната играчка кариера по што е назначен за директор на фудбалските репрезентации на Македонија.
Петар Милошевски ќе остане во сеќавањата како личност, работник кој имаше уште многу да даде за фудбалот во Македонија, полн ентузијазам со нескриена желба за подобро утре. Сите тие негови амбиции, без сомнение, се еден вид аманат и за сите идни фудбалски генерации.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski