
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија на денешната седница одлучи Лазар Ракиџиев да биде назначен за потпретседател на ФФМ. Ракиџиев е претседател на Општинскиот фудбалски Сојуз – Велес и член на Управниот одбор на ФФМ.
УО на ФФМ покрај тоа донесе одлука и да исплати премија во висина од четири илијади евра за фудбалерите кои настапија за А репрезентацијата на Македонија на квалификациските натпревари за пласман на ЕП 2020. против Летонија и Словенија.
Покрај тоа, Марјан Стојкоски – Манта е назначен за национален координатор на селекциите на Македонија. Стојкоски е поранешен репрезентативец на Македонија кој како фудбалски функционер беше дел од структурите на ФК Победа и ФК 11 Октомври. Марјан Стојковски е претседател на ОФС Прилеп.
На седницата на Управниот одбор на ФФМ беше проследена информација во врска со одржаниот состанок на Одборот на клубовите од Прва МФЛ каде се дискутираше за формирање на Здружение на клубови од Прва МФЛ (прволигаши) и беше објаснето дека согласно Статутот на ФФМ, клубовите од Прва МФЛ можат во секое време да формираат Здружение на прволигаши и на тој начин дополнително да бидат претставени во Собранието на ФФМ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед го освои „Енфилд“ (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Астон Вила го тресна Тотенхем во Лондон (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Тудор е пред отказ во Јувентус?

Интернационалци
Хаџиевски со Спартак Варна го сопре Лудогорец

Евро-фудбал
Алмада донесе триумф за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киву: Момците заслужуваат максимални пофалби

Евро-фудбал
Интер со голот на Бони го освои Рим (ВИДЕО)
