
Аргентинскиот интернационалец Лионел Меси сака да стави крај на драматичните случувања со Барселона и да се посвети на фудбалот. Тој во исповед за каталонскиот „Спорт“ вели дека би сакал да ја смири топката. Целата негова фрустрација била за подобро функционирање на Барселона. На крајот, мораше да се раздели и со Луис Суарез, кој сега е член на Атлетико Мадрид.
„По сите несогласувања и немисли случувања, би сакал да прекинам со овие работи. Сите мора да бидеме обединети и мислам дека за нас најдоброто сега следи. Го прифаќам и мојот дел од одговорноста за грешките, доколку постоеја. Ги правев само за да го подобрам функционирањето на клубот. Сакам да испратам порака до сите навивачи дека, ако се вознемирени поради моите постапки, тоа сум го кажал или направил од најдобар интерес за клубот“, изјави Лионел Меси.
Барселона победи со 4-0 на воведниот меч од новата сезона во Ла Лига против Вилјареал, а Лионел Меси беше стрелец на гол од пенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal