
Манчестер Јунајтед е клубот од Премиер – лигата кој најдобро се засили во финишот на летниот преоден рок. Уругваецот Единсон Кавани им пристапи на „црвените ѓаволи“, дојде и неговиот млад сонародник Факундо Пелистри, а на левата бековска позиција ќе конкурира Бразилецот Алекс Телјес кој пристигна од Порто.
Договорен е и трансферот на Амад Диало Траоре од Аталанта, кој треба да се реализира во јануари.
Менаџерот Оле Гунар Солскјер е среќен со новите засилувања, посебно со доаѓањето на Кавани и на Телјес.
„Алекс Телјес е фудбалер кој го следевме подолг период, искусен и квалитетен, тој сигурно ќе ја зголеми конкуренцијата на левата бековска позиција. За Кавани не треба ни да се трошат зборови. Среќен сум што ќе го имаме во тимот, тој е еден од десетмината најдобри голгетери во светот, врвна класа, со него Јунајтед добива многу во навалната линија“, вели Оле Гунар Солскјер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
