Португалскиот интернационалец Бруно Фернандеш имал жестока караница со менаџерот Оле Гунар Солскјер откако се вратил на „Олд Трафорд“ по репрезентативните обврски. Дискусијата започнала за улогата што тој треба да ја има во составот на „црвените ѓаволи“, а завршила со укажувањата на Бруно Фернандеш дека тимот не е балансиран, дека одбраната е премногу ранлива и дека не може целиот товар да паѓа на еден или двајца фудбалери од средниот ред.
Караницата била толку жестока што медиумите на Островот откриваат дека Португалецот сака итно да си замине. Ова е нова главоболка за менаџерот Оле Гунар Солскјер, со оглед дека Бруно Фернандеш е еден од најдобрите играчи на тимот од почетокот на сезоната.
Откако оваа вест се прошири и низ медиумите, Бруно Фернандеш објави демант.
„Би замолил моето име да не се користи за да се создаде хаос во Манчестер Јунајтед. Немам никакви проблеми со менаџерот, соиграчите или било кој од вработените во Манчестер Јунајтед“, објави Бруно Фернандеш на Твитер.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













