Реал Мадрид изминатиов викенд го доживеа првиот пораз во Ла Лига оваа сезона, загуби на домашен терен од Кадиз со 0-1, а тимот беше непрепознатлив, се чувствуваше заморот кај фудбалерите и немаше некоја посебна решеност да се одговори соодветно по примениот гол. Тренерот Зинедин Зидан бара од фудбалерите да го пронајдат „воинствениот дух“ пред продолжението од првенството.
„Не бевме на потребното ниво. Во поголем дел од мечот немавме контрола над играта, не реагиравме соодветно ниту по примениот гол. Знам дека најтешки се оние натпревари по репрезентативната пауза, но едноставно тимот мораше да реагира многу подобро. Би сакал фудбалерите да го пронајдат оној „воинствен дух“ што го краси Реал Мадрид“, изјави тренерот на „кралскиот клуб“.
Реал Мадрид в среда ги почнува обврските и во Лигата на шампионите. Во Мадрид гостува Шахтјор Доњецк.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













