
Динамо Загреб ремизираше без голови на „Максимир“ и освои бод во воведното коло од групата К. Холанѓаните преку Берхуис не искористија пенал во осмата минута, а останаа со играч помалку во 70.минута кога беше исклучен Сенеси. Аријан Адеми капитенски го предводеше составот на Динамо на овој меч.
Црвена Звезда загуби на гостувањето кај Хофенхајм со 2-0. Исклучување доби тренерот на „црвено-белите“, Дејан Станковиќ, а головите за Хофенхајм ги постигнаа Баумгартнер и Дабур.
Тотенхем и Лестер славеа убедливи победи од по 3-0. Тотенхем го совлада ЛАСК со головите на Лукаш и на Сон, а Андраде си постигна автогол. За Лестер стрелаа Медисон, Барнс и Ихеаначо.
Најмногу голови беа постигнати на мечот Вилјареал – Сиваспор, дури осум, а славеше шпанскиот тим со 5-3.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski