
Баерн Минхен и Борусија Дортмунд стигнаа до петта победа во новата сезона од Бундес-лигата и се наоѓаат на врвот на табелата со по 15 бода. Баварскиот клуб и без помошта на Роберт Левандовски, кој доби слободен викенд од Ханси Флик, победи со 1-2 на гости кај Келн. Томас Милер од пенал во 13.минута и Серж Гнабри во последните мигови од првиот дел донесоа предност за Баерн Минхен, а Доминик Дракслер во 82.минута го постави конелниот резултат.
Борусија Дортмунд славеше со 0-2 на гости против Арминија Билефелд. Во улога на двоен реализатор овојпат беше дефанзивецот Матс Хумелс.
Аугсбург го совлада Мајнц со 3-1, а Ајнтрахт Франкфурт и Вердер Бремен ремизираа, 1-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal