Магијата на Ибракадабра и натаму сјае силно, Швеѓанецот со фантастичен гол со ножички донесе победа за Милан (1-2) на гостувањето кај Удинезе. Го победи коронавирусот, се врати на терените и оттогаш на секој натпревар ги тероризира противничките голмани. Има 39 години и вели дека е многу млад.
„Млад сум, сега се чувствувам помлад од пред 6-7 години. Играм лесно, се движам искусно, постигнувам голови како од шега. Но, добро тоа секако го знаете за Ибрахимовиќ. Не знаете дека самиот барав од Милан да потпишеме договор на само шест месеци, затоа што ако не давам голови самиот ќе си одам во пензија. Се додека давам, ќе бидам на теренот. А мислам да давам уште многу долго. Па, која будала би ме пуштила мене да заминам во пензија?“, вели во свој стил Златан Ибрахимовиќ.
Златан не би бил тоа што е, ако не е самокритичен.
„Не сум задоволен, промашив неколку пенали, промашив и неколку убави шанси. Секое утро се гледам во огледало и си велам, што ти е бре, како можеш тоа да го промашиш“, дополнува Швеѓанецот.
Милан по шест одиграни кола во Серија А се наоѓа на првата позиција на табелата со 16 освоени бода.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski