
Барселона е во голема финансиска и резултатска криза, но тоа не значи дека каталонскиот клуб не работи на средување на сите проблеми. Тренерот Роналд Куман дефинитивно ќе мора да доведе нов напаѓач во јануари, а изборот сепак не е Мемфис Депај.
Новото засилување на Барселона ќе пристигне од Бенфика. Како што наведуваат каталонските спортски медиуми, Дарвин Нуњез, новиот голгетер на Бенфика е првиот пик на Куман за ангажман во зимскиот преоден рок. Тој треба да биде вистинскиот наследник на Луис Суарез во Барселона.
Дарвин Нуњез блесна во Лисабон од стартот на сезоната, а пристигна во Бенфика од Алмерија за 28 милиони евра. Сега Барселона е подготвена да плати 50 милиони евра за да го врати во Шпанија и да го доведе на „Камп Ноу“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
