Елиф Елмас и дарко Велковски беа стартери во меѓусебната клупска пресметка во Лигата на Европа, а славеа „наполитанците“ со 1-2. Се исполни и пораката на Елмас дека ќе го победи тимот на Велковски.
Елмас играше до 59.минута кога на негово место во игра влезе Фабијан Руиз, а Дарко Велковски одигра цел меч за Ријека во групата Ф. Роберт Муриќ го изненади Наполи во 13.минута со погодок, но Диего Деме израмни, а Филип Браит си постигна автогол во 62.минута од мечот.
Реал Сосиедад го совлада АЗ Алкмар со 1-0, со погодокот на Порту во 58.минута.
Тотенхем го совлада Лудогорец во Бугарија со 1-3. Хари Кејн и Лукаш донесоа водство од 0-2 за англискиот тим, Кешеру намали, но Џовани Ло Селсо ги разреши дилемите.
Рома со 5-0 го декласира Клуж на „Олимпико“. Мхитарјан, Ибањез и Борха Мајорал обезбедија преднопст од три гола до полувремето, а во вториот дел уште еднаш погоди Борха Мајорал за Педро да ја затвори серијата голови.
Бенфика и Глазгов Ренџерс одиграа 3-3, додека Баер Леверкузен славеше на гости во Израел против Хапоел Бер Шева со 2-4.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski