
Дани Алвеш е фудбалерот со најмногу освоени трофеи во историјата на европскиот клупски фудбал, а сега настапува за Сао Паоло во родниот Бразил. Тој удри по раководството на Барселона, клубот за кој настапуваше од 2008 до 2016 година, дека немале храброст да потпишат со него по заминувањето од Јувентус иако се понудил како слободен агент.
Дани Алвеш ја напушти Барселона и две години го носеше дресот на Јувентус, а потоа сакаше повторно назад на „Камп Ноу“. Но, тоа не се оствари.
„Бев во одлична форма, се понудив да дојдам како слободен агент, за скромни финансии, но тие едноставно немаа мадиња да ме земат назад. Мислам дека многу згрешија. Знам и зошто заминав од „Камп Ноу“. Ако ме третираа како што требаше, никогаш немаше ни да заминам“, изјави Дани Алвеш, давајќи поддршка на фудбалерите кои ја критикуваат раководната гарнитура која го водеше клубот, на чело со Хозеп Мариа Бартомеу кој поднесе оставка.
Дани Алвеш за осум години одигра 391 натпревар во дресот на Барселона, постигна 21 гол и забележа 101 асистенција и помогна да се освојат 23 трофеи, од кои шест титули во Ла Лига и три пехари во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Марко Барони е нов тренер на Торино

Интернационалци
Матеја Масев потпиша професионален договор со Црвена Звезда

Интернационалци
Олимпија Љубљана нуди милион евра за Димитар Митровски
