
Холандскиот фудбалски ас Марко ван Бастен кој поради повреда на скочниот зглоб мораше да ја прекине фантастичната кариера, имаше тажна исповед во која призна дека болките кои ги има по завршувањето на кариерата го донеле до размислување дека би било подобро никогаш да не бил фудбалер. Тој има проблеми со одењето и некогаш мора да трпи страшни болки како последица од фудбалската кариера.
„Да знаев дека ќе имам вакви болки, мислам дека никогаш и не би станал фудбалер. Имав прекрасна кариера, но таа не е вредна за сите страдања што ги имам на сегашна возраст. Понекогаш не можам да се движам, а болките се секојдневно дел од мојот живот. Искрено, можеби сега и не би избрал таков живот, но во младоста единствено фудбалот и беше мојот живот“, вели Марко ван Бастен кој работеше и како технички директор во ФИФА.
Холанѓанецот е еден од најдобрите голгетери во историјата на фудбалот, играше за Ајакс и Милан, освои по три шампионски титули во Холандија и во Италија, беше избран и за најдобар фудбалер во светот во 1992 година.
„Сега сум „мртов“ за фудбал. Мојот скочен зглоб е фиксиран, не можам да шутнам фудбал. Не можам да правам речиси ништо со мојата нога“, раскажува 56-годишниот Марко ван Бастен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар продолжи со одлични игри и во Струмица совладувајќи ја Брера со 0-2, со...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Лудо реми“ на Лион и Манчестер Јунајтед (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Арсенал ќе понуди 30 милиони евра за Арда Гулер

Евро-фудбал
Арсенал подготвува понуда за Виктор Ѓокереш
