Барселона по четири меча конечно успеа да оствари триумф во Ла Лига. Лионел Меси го почна натпреварот од клупата, но сепак постигна два гола во триумфот од 5-2 над Бетис.
Осман Дембеле го отвори резултатот, Гризман не реализира пенал, а Санабрија израмни пред крајот на полувремето. Но, потоа каталонскиот тим уфрли во поголема брзина.
Гризман погоди за 2-1, Меси влезе и реализираше пенал, потоа уште еднаш се запиша меѓу стрелците, а Педри ја затвори серијата. Вториот гол за Бетис беше дело на Лорен, а гостите од 60.минута играа со играч помалку поради исклучувањето на Аиса Манди.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













