Connect with us

Јувентус во очај носи ново засилување во јануари

Италијанскиот првак Јувентус не ја започна најдобро новата сезона во Серија А. По вчерашното реми против Лацио, тренерот Андреа Пирло се наоѓа под притисок, а ќе го решава со ново засилување во зимскиот преоден рок. Тој побарал од управата да го доведе соиграчот на Илија Несторовски од Удинезе, Родриго де Пол.

Аргентинецот подолг период игра одлично во Серија А, се наоѓа на листата на желби и на Интер, па Јувентус сака навремено да реагира и да ги искористи одличните односи со Удинезе.

Според италијанските медиуми, Јувентус е подготвен да плати 40 милиони евра.

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови