Младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати, денеска беше опериран по повредата на лигаментите и менискусот на коленото. Хируршкиот зафат го направи специјалист за ваков вид повреди, д-р Рамон Кугат, а се очекува младиот напаѓач да се врати на терените за околу пет месеци.
Рехабилитацискиот процес ќе трае околу четири месеци, а на Ансу Фати ќе му биде потребно и дополнителен период за да се подготви физички пред да се врати во натпреварувачки ритам. Без него во тимот уште повеќе се усложнува работата на тренерот Роналд Куман, кој веќе побара дозвола од раководството за ново засилување во зимскиот преоден рок.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













