Шпанскиот стратег Манчестер Сити потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити, но не планира да го доведе Лионел Меси на „Етихад“ следното лето кога Аргентинецот ќе биде слободен агент. Барем јавно, на прес – конференција, Гвардиола изјави дека би сакал Меси да ја заврши кариерата на „Камп Ноу“.
„Барселона многу ме има задолжено во текот на кариерата. Ако мене ме прашувате лично, јас би сакал Лионел Меси до крајот на кариерата да игра за Барселона. До летниот преоден рок има уште многу време и рано е да се зборува за тоа. Секако деке Меси е најдобриот светски фудбалер и тој е добредојден во секој тим“, изјави Пеп Гвардиола.
Манчестер Сити утре му гостува на Тотенхем во еден од дерби-дуелите во претстојното коло во Премиер – лигата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













