
Монако го совлада Пари Сен Жермен со 3-2 во дербито на колото во францускиот шампионат откако направи фантастичен пресврт во второто полувреме. „Светците“ имаа предност од 0-2 на полувремето со двата гола на Килијан Мбапе. Но, пресвртот се случи откако двете екипи се вратија од соблекувалните.
Кевин Фоланд постигна два гола за Монако во 52. и во 66.минута и го израмни резултатот. Во финишот му одзема топка на Дијало и изнуди пенал од дефанзивецот на ПСЖ кој за стартот доби и црвен картон. Цеск Фабрегас во 84.минута реализираше пенал за супер-пресврт на Монако на ова дерби.
Монако по овој триумф се наоѓа на втората позиција на табелата со 20 бода, четири помалку од лидерот ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
