Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско Аларкон, побарал од раководството на клубот да му даде двзола да замине од „Сантијаго Бернабеу“ во зимскиот преоден рок. Тој не е задоволен од минутажата што ја добива во составот на „кралевите“ и подолг период не е во најдобри односи со тренерот Зинедин Зидан.
Иско има договор до јуни 2022, па „кралскиот клуб“ за него ќе бара отштета од околу 70 милиони евра. Тој добил одговор дека клубот најверојатно би прифати таква понуда доколку има заинтересиран клуб што ќе ја плати бараната сума.
Медиумите во Англија пишуваа дека Евертон е заинтересиран за Иско, но менаџерот Карло Анчелоти таа идеја ја нарече малку налудничава. Премиерлигашот не може да си дозволи да плати 70 милиони евра за шпанскиот фудбалер. Најреални опции за Иско се Јувентус и Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













