Напаѓачот на Борусија Дортмунд, норвешкиот интернационалец Ерлинг Халанд, е добитник на наградата „Златно момче“ која италијанскиот весник „Тутоспорт“ ја доделува на најдобриот млад фудбалер во светот. Оваа 2020 година Халанд блесна во голем стил и успеа да ја победи конкуренцијата.
Во најтесна трка со Халанд беа и Џејдон Санчо, Ансу Фати, Едуардо Камавинга и Мејсон Гринвуд, но, сепак, Норвежанецот имаше фантастини игри во Салцбург, а потоа и во Борусија Дортмунд. Тој постигна неверојатни 44 гола во текот на сезоната 2019/2020.
Наградата „Златно момче“ во изминатите три години ја добиваа Килијан Мбапе, Матијс де Лихт и Жоао Феликс.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да купи дефанзивец на Барселона













