
Жозе Мурињо го доби менаџерскиот двобој со Пеп Гвардиола. Неговиот Тотенхем славеше со 2-0 во дербито на колото во Премиер – лигата против Манчестер Сити. „Спарс“ се искачија на врвот на табелата со 20 освоени бода.
Хјонг – Минг Сон уште на самиот старт го нокаутира Манчестер Сити. Уште во петтата минута ја затресе мрежата на Едерсон откако доби одлична топка, излезе сам пред противничкиот голман и го совлада. Сити долго се обидуваше да израмни, но не успеа, а потоа Мурињо повлече потег од клупата кој го одлучи натпреварот.
Го уфрли во игра Џовани Ло Селсо, а тој само триесетина секунди откако влезе успеа да го постигне вториот погодок за Тотенхем. Во завршницата Хуго Лорис бранеше одлично и „граѓаните“ немаа начин како да го совладаат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski