Интер успеа да ја победи Борусија Менхенгладбах со 2-3 на гости во Германија и комплетно ја закомпликува групата во која и Реал Мадрид виси по поразот од Шахтјор. Сега Германците имаат осум бода, Шахтјор и Реал по седум, а Интер дојде до пет.
Дармијан го постигна првиот гол за Интер, а потоа двапати стрелаше Ромелу Лукаку. Двоен стрелец за Борусија Менхенгладбах беше Аласане Плеа
Атлетико Мадрид во финишот пропушти шанса да го победи Баерн Минхен. Имаше водство со голот на Жоао Феликс, но по пеналот над Томас Милер, токму тој израмни во 86.минута.
Ливерпул со 1-0 го совлада Ајакс со голот на Куртис Џонс во 58.минута, а по лошата проценка на гостинскиот голман Онана.
Олимпик Марсеј конечно ја прекина серијата порази во ЛШ со триумфот над Олимпијакос од 2-1. Двата гола беа од пенал и ги постигна Димитри Паје.
Аталанта одигра само 1-1 дома против Митјиланд, а реми без голови одиграа Порто и Манчестер Сити.
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
Standings provided by SofaScore LiveScore
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski