Италијанскиот првак Јувентус вечерва гостува на „Камп Ноу“, а Андреа Пирло треба да најде начин да го сопре Лионел Меси, кој оваа сезона сепак игра далеку под очекувањата. Поранешниот фудбалски „маестро“ кој сега е на клупата на Јуве, знае што го мачи Меси.
„Меси има психолошки проблеми, воопшто не назадува фудбалски. Тој е во еден специфичен период од животот, сакаше да замине и да направи промена, но тоа не му го дозволија. Сега мислам дека се измачува со прашањето дали да остане во Барселона или да си замине. Но, тоа не значи дека Меси заборавил да игра фудбал, тој е феноменален фудбалер“, изјави Пирло.
На вечерашната пресметка се очекува и повторниот дуел меѓу Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Португалецот не настапи на првиот меч меѓу Јувентус и Барселона во Торино поради тоа што беше позитивен на коронавирус.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













