
Фудбалската репрезентација на Германија, нашиот ривал во квалификациите за СП 2022, ќе има нов селектор по Европското првенство. Јоаким Лев ќе го напушти кормилото по 15 години откако го презеде од Јирген Клинсман. Челниците на федерацијата сметаат дека треба да се бара друго решение и дека постои заситеност, а најголема причина за тоа е дебаклот што Германија го доживеа на гостувањето против Шпанија (6-0) во Лигата на нации.
На Јоаким Лев му се забележува дека премногу лесно се откажал од некои поискусни фудбалери и дека селекцијата е премногу подмладена, а тоа се одразува на резултатите. Сепак, тој ќе ја води Германија на Европското првенство, а потоа се очекува да се случи разделба. Ова веројатно значи дека Македонија ќе игра против Германците на два меча кога ќе бидат предводени од два различни селектори. Првите мечеви од квалификациите треба да се случат пред ЕП 2021, а реваншите се во термините од јули до ноември.
Германија има четири имиња за наследник на Јоаким Лев. Првиот е Јирген Клоп и тој веројатно е невозможна мисија бидејќи има договор со Ливерпул, вториот е Ралф Рангник, несудениот тренер на Милан, третата опција е сегашниот тренер на Баерн Минхен, Ханси Флик, и четвртата – Штефан Кунц, сегашниот селектор на Германија У21.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
