
Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо од следната сезона се враќа во англиската Премиер – лига, а трансферот во Манчестер Јунајтед ќе го финансира „Шевролет“. Ова го тврди автомагазинот „Auto Esporte“.
Компанијата „Шевролет“, која е генерален спонзор на Манчестер јунајтед, е подготвена да го поднесе товарот и да го плати трансферот на напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо, за негово враќање на „Олд Трафорд“. Тој од 2003 до 2009 година го носеше дресот на Манчестер јунајтед и освои девет трофеи, па се уште е омилен во „црвениот“ дел од Манчестер.
Роналдо дојде во Торино од Реал Мадрид во јули 2018 годин, а Јувентус плати 100 милиони евра за трансферот. Оваа сезона Португалецот настапи на шест натпревари во Серија А и постигна осум погодоци.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Енис Барди стрелец за Коњаспор во првенството на Турција (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Волтемаде донесе триумф за Њукасл (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Барса без Ламин Јамал против Валенсија?

Интернационалци
Еврогол на Нестор-гол (ВИДЕО)
